СВР Битола информира

НАПРАВИЛ ОСУМ КРАЖБИ, НАПАДНАЛПОЛИЦАЕЦ, ЗАРАБОТИЛ КРИВИЧНА

aramija
   СВР Битола поднесе кривична пријава против 24-годишниот М.А. од Битола за сторени осум кривични дела „тешка кражба“ од кои три во обид и по едно дело „кражба“ и „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.
Во периодот од март до мај 2012 година, во месноста Баир во Битола, со употреба на физичка сила и употреба на погоден предмет, како и преку незаклучена врата, влегувал во куќи каде одземал парични средства, мобилен телефон, покуќнина, златен прстен и медаљон, во вредност од околу 69.300 денари, а во три случаи се откажал во намерата.
Исто така, на 28.03.2012 година, во Битола, додека двајца полициски службеници приведувале лице, истите биле спречени од страна на пријавениот, при што на еден од полициските службеници му нанел телесни повреди.

Времето во Битола

Фото на денот

Контактирај со уредникот

Ваша Е-пошта:
Предмет на пораката:
Порака:

Фото галерии